Петар Печков
Објавено: среда, 28 мај 2008
Дали ќе се продаде и кој ќе биде новиот сопственик на велешки МХК Злетово ќе се знае на 17 јуни напладне, вака реши Собранието на доверители на комбинатот кој е во стечај. Како најголем доверител со сопственост од 63% од долговите, швајцарската фирма ,,Минеко,, одлучи овој некогашен индустриски гигант да го продава без почетна цена, а заинтересираните како гаранција да положат депозит од еден милион евра
Собранието реши МХК Злетово да се продава без почетна цена, бидјеќи тој е загубар решен со ФЕСАЛ аранжманот а неговите тогашни работници добија 3,5 милиони евра за затварањето на комбинатот. Потенцијалните купувачи преку посебен информативен документ ќе бидат запознати со сите спорови кои се водат во Основниот суд во Велес за сопственоста на имотот и опремата, за тие при купувањето да не бидат донесени во заблуда. – изјави Радослав Кипровски, стечаен управник.
На осмиот по ред тендер ќе можат да се јават странски и домашни фирми. Со ваквата одлука се согласиле и двата најголеми доверители, кои со развлачно право побаруваат 3,5 милиони долари –,, Центротрејд,, од САД и ,,Иган трејд,, од Кипар со 550 илајди долари. МХК Злетово се продава четири години а почетната цена беше 13, 7 милиони евра. Само еден тендер, пред две години беше успешен, кога холандската фирма Ресурсис холдинг за 7,6 милиони евра го купи комбинатот. Но откако ја констатира состојбата на нерасчистени имотно-правни односи се повлече.

Tweet |